Достапни линкови

Руската полиција го тресе тајкунот Лебедев


Вооружени полицајци денеска упаднаа во московската централа на банката која е во сопственост на рускиот тајкун Алексанадар Лебедев. Помошникот на бизнисменот, Артјом Артјомов изјави дека Лебедев бил во Банка за Национални Резерви кога 30-тина полицајци ја опколиле зградата и влегле во канцелариите. Тој додаде дека полицијата пребарувала низ фирмата документи , но тој не знае што точно барале. Потпаролот на полицијата го потврдила настанот но не соопштила повеќе детали. Лебедев е ко-сопстеник на рускиот опозициски весник „ Газета“, британскиот „ Стандард“ и „Индипендет“ ,а неговата компанија поседува акции во „ Газпром“.
XS
SM
MD
LG