Достапни линкови

Внукот на поранешниот киргистански лидер осуден


Внукот на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев, Санјар Бакиев денеска е осуден на 10 години затвор поради вмешаност во немирите во градот Џалал Абад минатиот мај. За време на немирите две лица загинаа. Внукот на Бакиев бил обвинет за помагање при организање на симпатизерите на поранешниот лидер и снабдување со нелегално оружје. Поранешниот претседател Бакиев сега е во Белорисија, откако со бунт е симнат од власт.
XS
SM
MD
LG