Достапни линкови

Премиерот Никола Груевски во посета на Украина


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Украина.
Тој утре ќе се сретне со претседателот на Украина, Виктор Јанукович и со шефот на украинската Влада Никола Азаров.
Во четврток премиерот Груевски ќе се обрати на Македонско-украинскиот бизнис форум, што го организира Стопанската комора на Украина.
За време на посетата на премиерот Груевски на Киев предвидено е и поптишување на договори за соработка меѓу министерствата за правда, за економија, за култура и за животна средина на Македонија и на Украина.
XS
SM
MD
LG