Достапни линкови

logo-print

Зголемени безбедносни мерки на аеродромите


Европските и северноамериканските држави планираат воведување на зајакнати мерки за безбедност по пронаоѓањето на двете бомби кои беа поставени во карго авиони од Јемен. Бомбите за кои се претпоставува дека требало да пристигнат во САД беа најдени минатата недела во авиони во Англија и Дубаи. Британија, Германија, Холандија, Франција, Канада и САД воведоа рестрикации на карго авионите во Јемен поради можноста од потенцијални бомби. Официјални претставници на западните земји изразија сомневања дека поставените бомби се дел од акциите организирани од Ал Каеда .
XS
SM
MD
LG