Достапни линкови

Тактичка вежба со бојно гаѓање на Криволак


На армискиот полигон „Криволак“ ќе биде изведена тактичка вежба со бојно гаѓање „засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“, во рамките на вежбата „Балкански Блесок 2010“. На вежбата покрај механизираниот пешадиски баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, ќе учествува и борбениот хеликоптерски сквадрон (Ми-24) од составот на воздухопловниот ВИНГ, артилериско-ракетната батерија од составот на самоодниот артилериски баталјон и единици за логистичка поддршка. Поканети се и амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, како и претставници на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, кои на „Балкански Блесок 2010“ се во улога на набљудувачи.
XS
SM
MD
LG