Достапни линкови

Таџикистанци ќе вежбаат планинско војување


Таџикистанското министертво за одбрана денеска соопшти дека ќе формира центар за обука за планинско војување во областа Рашт каде повеќе од 60 војници и припадници на безбедносни сили загинале минатиот месец. Во соопштението е наведено дека веќе се испратени зимски шатори во тој регион за трупите кои неодамна пристигнале за да учествуваат во безбедносната операција која е во тек. 90 проценати од таџикистанската територија е планинска, а владата веќе една деценија има проблем да ја контролира областа Рашт.
XS
SM
MD
LG