Достапни линкови

Судење на „шпиони“ во Иран - одложено


Судењето на тројцата американски туристи обвинети за шпионажа во Техеран е одложено на неодредено, соопшти иранскиот обвинител. Причина за одложувањето е тоа што една од обвинетите Сара Шурд била ослободена со кауција за да се брани од слобода. Нејзиното семејство вели дека таа се уште размислува дали да се врати на судењето. Останатите двајца обвинети се уште се во притвор во Техеран.
XS
SM
MD
LG