Достапни линкови

Миг 21 се урнал во Романија при воена вежба


Романското министертво за одбрана соопшти дека еден од нивните борбени авиони се урнал денеска за време на вежба, при што загинаа двајцата пилоти. Во соопштението е наведено дека двајцата пилоти загинале веднаш откако ловецот„ Миг 21“ паднал во на романската воена база во градот Кампија Турзиј. Причините за несреќата се уште се истражуваат. Ловците „Миг 21“ се донесени во Романија уште за време на Советскиот сојуз, јавија руските агенции.
Вистинската причина за падот на воениот авион е намалувањето на финансиски средства и недостигот на модернизација на леталата, коментираше денеска претседателот на комисијата за одбрана во романскиот Сенат Теодор Мелешкану.
XS
SM
MD
LG