Достапни линкови

Вестервеле ќе ги посети Русија, Белорусија и Литванија


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска пристигна во Москва со што ја започна својата турнеја низ Русија, Белорусија и Литванија. На средбата со рускиот колега, Сергеј Лавров, Вестревеле покажал загриженост поради судскиот спор со поранешниот нафтен тајкун Михаил Ходорковски, за кој критичарите сметаат дека со него се замолчува секој обид за критика на работата на премиерот Владимир Путин. Тајкунот Ходорковски е обвинет за даночно затајување и измама.
Се очекува германскиот и рускиот министер да разговарат и за утврдување на нова врска меѓу НАТО и Русија.
XS
SM
MD
LG