Достапни линкови

Заборска се сомнева дека Македонија ќе добие датум за преговори наскоро


Тешко е да се каже дека Македонија ќе добие датум за преговори на декемврискиот самит на Европската Унија, но се надевам дека ќе се направи голем чекор напред и дека спорот со името ќе го решите што е можно поскоро по дипломатски пат. Ова го изјави европатеничката Ана Заборска по денешната средба во Скопје со вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски. Наумовски изјави дека се надева оти европскиот извештај за напредокот на Македонија ќе биде објективен и ќе биде валоризирано се што е досега сработено.
XS
SM
MD
LG