Достапни линкови

Курдите велат не се виновни за нападот врз Истамбул


Курдската Работничка партија тврди дека не е одговорна за вчерашниот терористички напад врз Истамбул, при што загинаа над 30 луѓе. Од партијата соопштија дека ќе продолжат да го почитуваат договорот за прекин на огнот, додека не поминат изборите планирани за следното лето. Едномесечното примирје истече во неделата. Турските власти ја сметат курдската парија за главен осомничен за терористичкиот напад. Половина од ранетите во нападот се полицајци. До сега никој официјално не преземал одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG