Достапни линкови

Геј парадите и хомосексуализмот се очигледна провокација за вашите коментари. За тоа дали Македонија е либерално општество разговараме со психологот Билјана Зафировска,

Д-ре Зафировска зошто доцниме со еманципацијата?

Така е бидејќи сме една мала и конзервативна средина во која традиционалното суштински преовладува над навидум либералниот поглед на свет. На таква почва тешко и бавно заживуваат нови идеи, нови појави и онака луѓето без оглед на националноста, на различното првично реагираат со неприфаќање и отфрлање кое всушност произлегува од стравот од непознато, затоа што првичната реакција од непознато и различно од стереотипите е претежно емотивна, посебно како во овој случај ако се однесува на нешто што го засега базичниот нагон на репродукција и хипотетички го става под прашање опстанокот на човечкиот род. Тој процес првично оди преку психичкиот механизам на идентификација и доколку кај поединецот нема препознавање со неговиот систем на вредности и некоренспондира со неговото однесување, емотивната реакција е автоматско отфрлање, стигма и осуда.

Има многу пораки дојдено на нашата веб страница, меѓутоа една ми падна во очи која вели ,,имам јас во комшии еден таков, ама што да се прави, што е тоа." Мислам дека ова е една типично македонска реакција, кое е вашето мислење?

Ова е една типично историска реакција на македонскиот народ, кој што во суштина не е агресивен и просечен Македонец нема активно да се спротивстави на нешто кое на било кој начин му пречи, заради потребата да биде пристоен како што бил воспитан. Своето незадоволство попрво би го искажал преку дискусија, односно популарно кажано ,,оговарање" на неприфатениот сосед со свои истомисленици и вербално ќе ги искаже знаците на неодобрување кон сексуалната ориентација на неприфатениот комшија. Ќе биде воздржан во секојдневната комуникација со него и ќе се обиде да го избегнува.

Дали хомосексуалноста е болест, бидејќи има многу пораки кои што сметаат дека тие луѓе се болни?

Видете, хомосексуалноста се сметаше за болет некаде до 1976 година, меѓутоа тогаш е отфрлена од официјалната квалификација на болести и официјанат наука не ја третира како болест туку како еден слободен, личен избор на поединецот. Е сега болест, можеби болест може да произлезе како резултат на сексуалната ореиентација, како резултат на осудата, депресиите, анксиозноста која што се јавува како резултат на тоа.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG