Достапни линкови

Повторно идеи за големи држави


За албанските претставници во Македонија идејата за голема Албанија е реално невозможна и води кон влошување на состојбата во регионот. Идејата ја обнови Коча Данај директор на Институтот за регионални прогнози во Тирана.

Идејата за голема Албанија е реално невозможна и истата може да ја влоши состојбата во регионот. Ова е ставот на дел од претставниците на албанскиот политички блок во земјава, откако Коча Данај, директор на Институтот за регионални прогнози во Тирана и поранешен советник на тројца албански премиери, деновиве излезе со тезата за формирање на нова албанска држава до 2013 година, реакции побаравме од албанските партии и интелектуалци во земјава.
Не би рекол еден дециден став, но секако сегашните состојби се јасни на Балканот, имаме независно Косово, Охридски договор во Македонија и Албанија е во НАТО ...

Иако не ја отфрлаат оваа идеја, од Демокраската Унија за интеграција сметаат дека истата е неповолна, оти како што велат, во моментот регионот е стабилен.

,,Не би рекол еден дециден став, но секако сегашните состојби се јасни на Балканот, имаме независно Косово, Охридски договор во Македонија и Албанија е во НАТО Алијансата, така што Балканот е стабилен и очекувам да продолжи така." изјави Тахир Хани.


Од Нова Демократија пак велат дека Албанците во Македонија својата иднина ја гледаат во европска Македонија и дека работат на остварување на таквата визија.

,,Иднината на граѓаните на Македонија е во НАТО и ЕУ, во ЕУ каде што нема граници, каде што сите се интегрирани." изјави Аријанит Хоџа од Нова Демократија.


И покрај обидите да добиеме коментар од Демократската партија на Албанците, оваа партија остана недостапна.
Некои тези за некакво физичко обединување на Албанците можат да ја доведат состојбата до тоа за самите Албанци тоа да биде погубно

За политичкиот аналитичар Хисен Рамадани, идејата за обединета Албанија е непродуктивна оти како што вели влезот во Европската Унија за секоја од балканските земји само по себе значи обединување на Албанците.

,,Се создава еден амбиент, духовно-културен без потреба за промена на граници, за некој друг распоред на сили."

Затоа вели Рамадани ваквите идеи се нелогични и далеку од здравиот разум.

,,Некои тези за некакво физичко обединување на Албанците можат да ја доведат состојбата до тоа за самите Албанци тоа да биде погубно."

Инаку Коча Данај тврди дека оваа идеја има поддршка и кај меѓународната заедница и нагласува дека формирањето на таквата држава води кон стабилност и просперитет во регионот и решавање на албанското прашање.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG