Достапни линкови

logo-print

Дилма Русеф и официјално претседателка на Бразил


Дилма Русеф, избраничка на претседателот во заминување Луиш Игнасио Лула да Силва и официјално победи на изборите и стана прва жена претседател на Бразил. Шеесет и две годишната Дилма Русеф во вчерашниот втор круг, освоила скоро 56 насто од гласовите, додека нејзиниот ривал социјалдемократот кој ја имаше поддршката на десницата Жозе Сера доби 44 насто. Некогашната револуционерка и затвореничка за време на воената хунта Русеф извесно време беше и шефица на кабинетот на Лула да Силва.
XS
SM
MD
LG