Достапни линкови

Туристички развој покрај Охридското езеро во Албанија


Албанската страна од Охридското езеро бележи туристички подем. Најпопуларни се местата Тушемиште и Подградец.

На само два односно шест километри оддалеченост од Македонско -Албанската граница кај Свети Наум на брегот на Охридското Езеро се Тушемиште и Поградец, туристички места на Албанската страна од езерото, кои последнава деценија бележат подем во развојот. Порано затворена од сите страни притисната под чизмата на Енвер Хоџа, Албанија не само што се отвори за патувања и туристички посети, туку и забрзано се гради и модернизира. Паркот кај изворите во Дрилон, веднаш по границата, со мостчињата, водата и кајчињата многу наликува на Свети Наум. Некогашната резиденцијална вила на Албанскиот диктатор и други реставрирани и нови објекти, нудат
Сиве претходни децении во мојот живот во Охрид имав можност да ја гледам од далеку Албанија, иако е толку блиску, со рефлекторите како кружат над езерото, со мисла дека ќе е вечно затворена земјa
хотелско сместување и угостителски услуги на светско ниво. Охриѓани почнаа масовно да одат на излет и рибен ручек со коран, салата и вино во питоресктните села Дрилон и Тушемиште.

,,Сиве претходни децении во мојот живот во Охрид имав можност да ја гледам од далеку Албанија, иако е толку блиску, со рефлекторите како кружат над езерото, со мисла дека ќе е вечно затворена земја. Впечатокот при стапнувањето во Тушемиште беше пријатно доживување за мене, со зелената природа, лебедите, прекрасниот пејсаж, хигиена, услуга и храна. Со добри пристапни патишта, Албанија е земја која слободно и одлучно чекори кон успешен равој на туризмот."

Вели повозрасна Охриѓанка, што прв пат со друштво неодамна влезе во Албанија.

,,Местоположбата на Охрид како погранично место, сега кога се отворија границите со соседна Албанија, дава можност за нас Охриѓани за брза и едноставна посета на пограничните места како Тушемиште, Лин и Поградец. Можност да се видат изворите од онаа страна на Свети Наум, а исто така провокативни би биле и излети со велосипед околу езерото, и посета на тие места, а сето тоа би било уште поедноставно кога би се вовела долго најавуваната бродска линија Охрид-Поградец."
Од кога ќе ги видат сите убавини, кои се наоѓаат покрај Охридското Езеро од Македонска страна, странските туристи се заинтересирани да го видат Охридското Езеро и од Албанската страна


Вели помлада Охриѓанка, воодушевена од првата посета на Тушемиште и Поградец. Тур операторите понудата на Охрид ја комбинираат со пограничните места во Албанија, што е туристички посебно интересна за странците, кои по пат од само 30 километри можат да видат нешто ново и непознато.

,,Од кога ќе ги видат сите убавини, кои се наоѓаат покрај Охридското Езеро од Македонска страна, странските туристи се заинтересирани да го видат Охридското Езеро и од Албанската страна. Тоа претставува збогатување на туристичката програма за еден ден, во која се нуди Албанија, со Поградец и Корча што е во непосредна близина, а завршницата е со традиционален ручек во Тушемиште."

Вели Верица Хајба, сопственичка на туристичка агенција во Охрид. Населението во крајезерскиот регион сака меѓуграничната соработка да се продлабочи со полесно безпасошко движење на граѓаните, подобра инфраструктура, продолжување на железничката линија од Лин до Струшкото село Радожда и со повеќе заеднички спортски и културни манифестации што ќе ја зголемат атрактивноста на Охридското Езеро и крајбрежје во светот.
XS
SM
MD
LG