Достапни линкови

Бан Ки Мун за брз почеток на преговорите за Косово


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги поздрави најавите за брз почеток на дијалогот меѓу Белград и Приштина, сметајќи дека тој процес ќе отвори нова фаза во односите на двете страни и ќе помогне за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот. Бан Ки Мун, во редовниот тримесечен извештај кој во текот на изминатиот викенд им е поделен на амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност, бара поддршка од нив со цел да се избегнат какви било еднострани акции кои би можеле дополнително да ги разбрануваат страстите.
XS
SM
MD
LG