Достапни линкови

Во католичка црква во Багдад, 37 загинати заложници


Триесет и седум заложници загинале, а 56 биле повредени во католичката црква во Багдад која претходно ја заземале вооружени напаѓачи. Во акцијата за спасување на заложниците загинале и седум полицајци, додека 15 биле ранети. Во акцијата која траеле над четири часа, како што јавуваат агенциите, загинале и петмина напаѓачи, а осуммина осомничени биле уапсени. Нападот врз католичката црква бил извршен синоќа за време на службата кога околу 100 луѓе биле земени како заложници.
XS
SM
MD
LG