Достапни линкови

Талибанците презеле област во Авганистан


Талибанските борци, според извештаите, успеале да влезат во провинцијата Газни во источен Авганистан при што ги презеле владините канцеларии во градот Когијани. Шефот на полицијата во тој регион кој за време на нападот не бил во градот изјавил дека притоа имало голем број жртви. Газни е една од најнестабилните провинции во Авганистан поради што таму не се одржаа претседателските избори. Во Авганистан има 350 провинции, а 10 од нив се под директна контрола на талибанците.
XS
SM
MD
LG