Достапни линкови

Ердоган : Турција ќе остане на својот колосек


Турскиот премиер Речеп Таип Ердоган изјави дека денешниот терористички напад нема да ја спречи земјата да ги постигне своите цели, мир и развој. Тој додаде дека нема да се толерираат они кои се обидуваат да создадат конфликт и кои сакаат да го нарушат мирот во земјата. До сега се евидентирани над 30 ранети при експлозија на бомба на плоштадот Таскин во Истамбул.
За сега никој не презема одговорност за нападот.
Во Турција немири досега предизвикувале курдските бунтовници кои се борат за автономија и исламистичките милитанти кои минатата година беа активни во Истамбул и изведоа неколку напади.
XS
SM
MD
LG