Достапни линкови

Индонезија повторно на „удар“ на Вулканот Мерапи


Вулканот Мерапи на централниот индонезиски остров Јава денеска повторно почнал да исфрла вжарена пепел.
Меѓу илјадиниците селани кои се вратиле во своите населби по смирувањето на вчерашната ерупција за да ги проверат своите имоти, настанала голема паника, но засега нема информации за повредени.
Вулканот почна да еруптира пред неколку дена и досега како последици од исфрлањето вжарена лава и пепел и отровни гасови починаа 38 луѓе, а најмалку 50 илјади се евакуирани.
XS
SM
MD
LG