Достапни линкови

Газанфари: Иран не трпи штета од санкциите


Иранскиот министер за трговија, Махди Газанфари вели дека санкциите наметнати меѓунардоната заедница не и направиле штета на иранските трговски односи со другите земји. Ваквиот коментар на министерот следува по минатонеделната изјава на претседателот на иранските стопански комори дека санкциите почнале да земаат голем данок од иранската економија. Ова е четврти сет на санкции од Обединети нации за Техеран.Меѓу другото Иран е и по казна и од САД и од ЕУ поради тоа што одбива да престане со збогатувањето на ураниум.
XS
SM
MD
LG