Достапни линкови

Бројот на жртви во Индонезија се зголемува


Индонезија продолжува со броењето на жртви по минатонеделното цунами. Според последните официјални бројки, загинале 435 луѓе а 110 засега се водат за изчезнати. „Најверојатно изчезнатите се веќе мртви и закопани длабоко во песокот само што не се пронајдени“ , велат од службите за справување со катастрофи. На Ментаваи островите се расселени околу 13 илјади луѓе, а спасувачките екипи во Индонезија имаат и дополнителен проблем поради континуираните ерупции на вулканот во централна Јава, од каде што евакуираа околу 50 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG