Достапни линкови

Украинци ќе гласаат на половина метар долго гласачко ливче


Во Украина денеска се одржуваат локални избори. Според предизборните анкети се очекува провладината Партија на Регионите да води во битката за советнички места во централните и северните делови од земјата. Гласачките ливчиња во некои избирачки единици се подолги и од половина метар поради големиот број на кандидати. Опозициските партии пред изборите ја обвинија Партијата на Регионите дека планира да ги фалсификува изборите. Претседателот Виктор Јанукович вети дека ќе биде законски гонет секој што ќе се обиде да ги фалсификува изборите.
XS
SM
MD
LG