Достапни линкови

Русија ќе и изгради нуклеарна централа на Виетнам


Русија и Виетнам потпишаа договор вреден 5,6 милијарди долари, за првата нуклеарна централа во Југоисточна Азија. Со меѓувладиниот договор се предвидува изградба на два реактора чија градба треба да започне во 2014-та година и да заврши за три до пет години. Новинските агенции известуваат дека Виетнам сака да изгради вкупно 8 нуклеарни објекти во наредниве две децении.
XS
SM
MD
LG