Достапни линкови

Жена осомничена за „ поштенски“ тероризам во Јемен


Јеменските безбедносни сили соопштија дека денеска уапсиле жена која е осомничена за испраќањето на два пакета со експлозив во САД. Двете поштенски пратки со експлозив кои биле испратени од Јемен до САД биле откриени во Дубаи едната пратка и во Лондон другата . Претседателот на Јемен, Али Абудула Салех изјави дека неговата земја ќе продолжи да се бори против Ал Каеда „ во соработка со партнерите“, но како што вели не сака никој да се меша во јеменските внатрешни работи ловејќи некој од Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG