Достапни линкови

Јуанот може да расте од 3 до 5 отсто годишно


Кина е во можност да ја зголемува вредноста на својата валута, јуанот за три до пет отсто годишно, но од друга страна постојат стравувања дека САД ги можеле да одговорат со трговски санкции кои би влијаеле на уште побрз раст на вредноста на кинеската валута. Ова го изјави советникот во Централната банка на Кина Ли Даокуи за кинескиот весник Чајна дејли.
Тој вели дека јуанот треба да расте „постепено и контролирано“, за да не се одрази на извозот.
САД имаат огромен дефицит во трговската размена со Кина и затоа бараат поскапување на јуанот. САД сметаат дека курсот на кинеската валута се држи поефтин од неговата реална вредност за да го стимулира кинескиот извоз. Поради ефтиниот јуан, кинеските производи се поефтини на меѓународниот пазар.
XS
SM
MD
LG