Достапни линкови

logo-print

Косово да има право да се припои кон Албанија


Движењето „Самоопределување“ во својата политичка програма се залага за обединување на Косово и Албанија и предлага укинување на членот на Уставот на Косово со кој се забранува Косово да се припои кон друга држава, односно кон Албанија.
Лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти изјави дека народот на Косово треба да има право сам да одлучува за внатрешните, но и надворешните прашања и односи, објавуваат приштинските медиуми.
Курти вели дека Косово треба да има право на војска и да има право да се припои кон Албанија.
Движењето „Самоопределување“ за прв пат ќе учествува на парламентарните избори во Косово, кои ќе се оддржат кон крајот на годината.
XS
SM
MD
LG