Достапни линкови

Азиските земји сакаат нуклеарна соработка со Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека азиските земји сакаат да склучуваат договори за нуклеарна енергија со Русија. Лавров, заедно со рускиот претседател Дмитриј Медведев е во Ханој каде што присуствува на самитот на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија(АСЕАН).
Русија и САД денеска формално станаа членки на оваа регионална организација.
По самитот е предвидено, Медведев да се сретне со виетнамските лидери и да потпишат договор вреден неколку милијарди евра за изградба на првата виетнамска нуклеарна централа.
XS
SM
MD
LG