Достапни линкови

Србија и израчува осомничени воени злосторници на Црна Гора


Петмина српски државјани се уапсени за воени злосторства, меѓу кои и за злосторствата извршени во Дубровник, изјави портпаролот на српското обвинителство за воени злосторства Бруно Векариќ.
Се очекува апсење и на шестиот осомничен.
Векариќ изјави дека, во согласност со вчера потпишаниот договор, уапсените ќе и бидат испорачани на Подгорица, каде што се води постапка против нив.
Договорот меѓу Србија и Црна Гора предвидува испорачување за кривични дела поврзани со организиран криминал, корупција, злосторства против човештвото, перење пари и други тешки кривични дела за кои се предвидува казна затвор повисока од 5 години.
XS
SM
MD
LG