Достапни линкови

logo-print

Локалната самоуправа, полицијата и претставници на училиштата ќе бидат дел од проектот за спречување на трговија со деца преку едукација на учениците и нивните родители.

Сериозниот светски проблем на меѓународниот криминал од областа на трговија со луѓе и трговија со деца кој се повеќе се вмрежува и зема замав, е причината за вклучување на шестте општини во североисточниот регион, во кој ќе се реализира проектот за превенција и спречување на трговијата со луѓе. Затоа и претставници од Одделението за превенција при СВР Куманово во соработка со ОБСЕ,
И нашата земја не е иземена од трговијата со деца. Постои и внатрешна трговија. Во наредните два месеца ќе работиме на едукација на децата до 14 годишна возраст и нивните родители, да осознаат каде можат да се обратат и од кого да побараат помош во такви ситуации
локалната самоуправа на Старо Нагоричино, претставниците од училиштата и педагошко-психолошка служба, наставници по ликовно воспитување, медиумите, разговараа за намалување, ако не и целосно елиминирање на овој меѓународен проблем.
Имено, околу два ипол милиони луѓе од кои половината се деца, се жртви на трговија со луѓе, како најбрза растечка форма на меѓународниот криминал. Тоа е доволен сигнал да се преземат мерки на национално и локално ниво. И Македонија не само како транзитна земја туку како дел од светот е дел од овој синџир.
Виолета Богдановска началник на Одделението за превенција при СВР Куманово вели:

„И нашата земја не е иземена од трговијата со деца. Постои и внатрешна трговија. Во наредните два месеца ќе работиме на едукација на децата до 14 годишна возраст и нивните родители, да осознаат каде можат да се обратат и од кого да побараат помош во такви ситуации. Ќе се реализира и ликовен конкурс за да се види како децата го замислуваат светот без трговија со луѓе или или со неа. Програмата опфаќа интерактивно учество на учениците, рекламен материјал и трибини со родителите за помасовно информирање на граѓаните за реалното постоење на овој проблем."

Вели Богдановска. Социјалниот работник Исмаил Исмаили за овој проблем:

„Направени се напори за спречување и справување со проблемот. Со заеднички напори на сите чинители на државата, нема да се искорени, но ќе се намали овој сериозен проблем.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG