Достапни линкови

Ден на идеи во Македонија


Владата на Република Македонија, денеска организира „Ден на идеи“.Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните преку изнесување корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики. Во просториите на Владата на Република Македонија каде ќе бидат присутни премиерот Никола Груевски и министрите од 13 до 17 часот, граѓаните ќе можат директно да им ги достават своите предлози. Проектот ќе се спроведе и во сите градови (на главните градски плоштади) од 12 до 18 часот на пунктови поставени од ресорните министерства.
XS
SM
MD
LG