Достапни линкови

Средба Груевски, Папандреу во Брисел


Во Брисел попладнево се одржува средба на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Средбата, првично беше закажана за вчера, но на барање на грчката страна беше два пати одложувана поради обврски на Папандреу околу состанокот на Европскиот совет. Тоа е седмми состанок на двајцата премиери. Премиерот Груевски во изјава за медиумите пред неколку дена истакна дека очекува средбите со неговиот грчки колега во иднина да бидат посуштински, а не само формални.
XS
SM
MD
LG