Достапни линкови

logo-print

Црвенковски: сите пари за битка против Груевски


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска ги повика премиерот Никола Груевски и Владата да соопштат дали имаат политичка волја и институционален капацитет да го вратат процесот на лустрација под контрола, во рамки на институциите и законот. Ако се оглушат на овој апел и не преземат ништо, изјави Црвенковски на прес конференцијата, ќе бидат директно одговорни за хаосот и последиците што ќе произлезат. Во врска со ангажирањето словенечки консултанти за изработената стратегија Црвековски вели: ,,Во тој период имав сериозни разидувања по клучни прашања со тогашната Влада по прашањата за ЕУ и НАТО интеграциите, антиквизацијата, за независноста на судството, целисходноста за организирање предвремени избори по самитот во Букурешт. ,,Да имав повеќе пари во буџетот, а ги немав, ќе ги дадев во битката против Груевски и неговата пропагадна машинерија. Ќе имав чиста совест дека тоа го правам во интерес на граѓаните на Македонија, изјави Црвенковски.
XS
SM
MD
LG