Достапни линкови

logo-print

Крпен живот - Во Македонија секое трето лице е сиромашно


Во Македонија секое трето лице или 31,1 отсто од населението е сиромашно, а во Европската унија на или под работ на егзистенција се17 проценти или секое 5 - то лице, беше речено на денешната прес-конференција по повод почетокот на Националната кампања за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост 2010 година.
Кампањата чие мото е „Секој трет во Македонија води крпен живот“, ќе трае во следните два месеца до крајот на годинава, а предвидува дефинирање конкретни решенија за надминување на сиромаштијата преку организирање тркалезни маси и дискусии со сите засегнати страни.
XS
SM
MD
LG