Достапни линкови

Просечната плата во Македонија во Август - 20.541 денар


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 20.541 денар и во однос на истиот месец лани е поголема за 3,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето е резултат, пред се, на повисоката исплатена нето плата по вработен во преработувачката индустрија за 7,9 проценти, рударство и вадење на камен за 6,3 проценти и образование за 6,2 проценти.
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август во однос на јули има во во секторите сообраќај, складирање и врски за 7,6 проценти, снабдување со електрична енергија, гас и вода за 5,5 проценти и хотели и ресторани за 4,8 проценти.
Во август годинава 2,7 проценти од вработените во Македонија не зеле плата
XS
SM
MD
LG