Достапни линкови

Бранко Наумовски на чело на Уставен суд


Уствниот суд доби нов претседател
Уствниот суд доби нов претседател

Дали изборот на нов претседател на Уставниот суд ќе смени нешто во односот меѓу владата и судот?

Бранко Наумовски е новиот претседател на Уставен суд. Тој доаѓа на местото на Трендафил Ивановски чиј мандат истекува за два дена. Но, дали изборот на новиот претседател ќе смени нешто во односите меѓу владата и Уставниот суд? Експертите велат дека Уставниот суд треба да биде дистанциран од извршната власт и недозволиво е да има блиски односи меѓу овие две институции. Проф. Тодор
Такви средби, како премиерот го посетил Уставниот суд, претседателот на Републиката го посетил Уставниот суд, не се дозволени
Џунов, поранешен претседател на Уставниот суд вели дека владата отсекогаш имала обиди да се наметне врз работата на овој суд. Но, дали таа ќе успее во својата намера зависи од етичкото, стручно и професионално работење на сите уставни судии, вели Џунов.

„Такви средби, како премиерот го посетил Уставниот суд, претседателот на Републиката го посетил Уставниот суд, не се дозволени.“

И Маргарита Цаца Николовска, поранешен уставен судија во Еврсопскиот суд за човекови права смета дека е незамисливо лицето кое е во улога на претседател на Уставен суд да не ја извршува својата работа достоинствено.
Не сакам да помислам за можноста на лицето во улога на претседател на суд да не ја извршува оваа функција професионално и стручно

„Не сакам да помислам за можноста на лицето во улога на претседател на суд да не ја извршува оваа функција професионално и стручно.“

Џунов пак вели дека улогата на претседателот на судот не преовладува во однос на другите судии во Уставен и истиот не може да има големо влијание врз односите меѓу судот и извршната власт.

„Претседателот на судот нема некоја превалентна улога, неговиот глас има иста тежина. Одллуките се донесуваат со пропишаното мнозинство.“

Колку отворањето на процесот лустрација ги влоши и онака затегнатите односи меѓу овие две односи? Според експертите лустрацијата е алатка во рацете на власта да направи притисок врз судот кој донел одлука спротивна од онаа на власта.

Маргарита Цаца Николовска: „Уставниот суд, во суштина, не подлегна“
„Лустрацијата е искористена како алатка, кога веќе претседателот на уставниот суд зазел некој став да се изврши притисок.“ вели Џунов.

„На една страна имаше презентирање на мислења, на друга страна уставниот суд не подлегна и продолжи да ги донесува одлуките на начин на кој е предвидено да се донесуваат одлуките.“ смета Цаца Николовска.

Веќе подолго време односите меѓу владата и уставниот суд се влошени. Во изминатиов период Уставниот суд донесе, поништи и укина повеќе владини одлуки или закони, но нивното спроведување во дело секогаш беше проследено со проблеми.

Што мислат граѓаните за работата на судовите?

Погледнете ги мислењата на граѓаните за судството во Македонија

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG