Достапни линкови

Какви идеи носи Груевски на средбата со Папандреу?


Груевски и Папандреу пред една година во Брисел

Груевски и Папандреу пред една година во Брисел

Според експертите, средбите на највисоко ниво се корисни за градење доверба и доаѓање до решение



Енигма останува со какви идеи за решавање на спорот со името, премиерот Груевски отпатува во Брисел. Неколкуте пратеници од владејачката партија со кои конткатиравме не сакаат да коментираат дали Премиерот е отиден со нови идеи за придвижување на процесот, и кои се очекувањата од средбата на Груевски со Папандреу . И професор Димитар Мирчев вели дека ниту тој лично, ниту пак пошироката јавност имаат детали за тоа како Груевски ќе настапи на средбата , но вели дека ваквите средби се добри и покрај тоа што не мора да дадат некој посебен резултат.
Отвораат некои врати, се создава клима на дијалог и без разлика што не мора да даде непосреден резултат. Мислам дека е многу добро што се раѓа една доверба и мислам дека со такви контакти на највисоко ниво може да се дојде до решение. Не верувам дека ќе има некој спектакуларен резултат


„Отвораат некои врати, се создава клима на дијалог и без разлика што не мора да даде непосреден резултат. Мислам дека е многу добро што се раѓа една доверба и мислам дека со такви контакти на највисоко ниво може да се дојде до решение. Не верувам дека ќе има некој спектакуларен резултат.“

Професор Здравко Савески вели дека сега треба да се спушти топката и да се намали интензитетот на непријателство на двете страни. Тој сепак смета дека средбата во Брисел е протоколарна и нема да има некој посебен ефект.

„Овие протоколарни средби можат да имаат и мал позитивен ефект, конечно да сфатиме дека со непријателскиот став кон Грција, не само што не придонесуваме за решавање на пробемот со името, туку придонесуваме да падне и спорот што го водиме со Грција во Хаг.“

Во Грција наредниот месец се одржуваат локални избори. Иако разговорите за името не се директно врзани со изборната атмосфера во Грција, сепак решение не може да се донесе во време на кампања, вели Мирчев.

„Така што претпоставувам дека вистински разговори ќе се одвиваат по изборите.“

Средбата меѓу Груевски и Папандреу, која ќе биде седма по ред, требаше да се одржи вчера, но беше одложена по барање на грчката страна поради обврските на Папандреу. Неодамна, Груевски изрази очекување за посуштинска и попродуктивна средба со грчкиот премиер.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG