Достапни линкови

logo-print

Македонија го почна 12 циклус од Акциониот план за НАТО


Во седиштето на НАТО во Брисел се одржа состанок меѓу преставни на Република Македонија и Политичкиот и Партнерски комитет на НАТО, на кој во фокусот беше Годишната Национална Програма на Република Македонија за членство во НАТО 2010-2011 година.
Земјите - членки на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана, го оцениле документот како сеопфатен, детален и реален. Посебно бил поздравен импресивниот придонес на Република Македонија во операциите предводени од НАТО, напорите за унапредување на етничката застапеност, регионалната соработка, како и напорите за ефикасно искористување на одбранбените ресурси. Изразена е и надеж дека ова ќе биде последен циклус за Република Македонија и притоа е потенцирана поддршката за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО и решавање на спорот со името.
XS
SM
MD
LG