Достапни линкови

ЕУ ќе разгледа промена на Лисабонскиот договор


Лидерите на Европската унија на состанокот во Брисел се согласија за планот за поцврста буџетска дисциплина во Унијата. Лидерите се согласиле да формираат постојан фонд за помош на земјите кои ќе имаат финансиски проблеми. За овие правила, како што јавуваат агенциите, ќе бидат потребни и извесни промени на Лисабонскиот договор што ги бараат Германија и Франција.
,,Не станува збор за повторно отворање на Лисабонскиот договор или за нова институционална дебата. Неопходен ни е постојан кризен механизам, а за тоа треба да постои и цврста уставна основа.,, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
XS
SM
MD
LG