Достапни линкови

Груевски ќе се сретне со Филе и со Папандреу.


Македонскиот премиер вчера требаше да има средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, но на барање на грчката страна, таа е презакажана за денеска во 14:30. Одложувањето на средбата е поради активностите на Папандреу на состанокот на Европскиот совет. Како што е најавено, премиерот Груевски претпладне ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Груевски вчера имаше средби во Брисел со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон. На нив тој рекол дека Македонија е подготвена и има силна волја за надминување на билатералниот спор за Грција околу уставното име под покровителство на ОН, со решение што ќе биде прифатливо за народите во двете земји.
XS
SM
MD
LG