Достапни линкови

Уставниот суд денеска избира нов претседател


Претседателот го бираат деветтемина судии со тајно гласање. Тригодишниот мандат на претседателот Трендафил Ивановски истекува на први ноември, но тој останува судија уште година и половина. Трендафил Ивановски ќе биде уставен судија до мај 2012 година, кога му истекува девет- годишниот мандат. Нема право на реизбор за претседател, како и поранешната претседателка, судијата Лилјана Ристова Ингилизова. Во ротирачкото претседателствување, право на избор имаат останатите седум судии. Еден од нив, на тајното гласање, треба да добие дво-третинско мнозинство гласови, односно, најмалку шест гласа од колегите судии.
XS
SM
MD
LG