Достапни линкови

Втор ден на самитот на ЕУ во Брисел


Во Брисел завршува дводневниот самит на шефови на држави и на влади на Европската Унија. Главна тема е обидот на Германија и Франција да добијат поддршка за ставот дека е потребно да се промени Лисабонскиот договор, со цел да се избегне повторувањето на финансиската криза. На самиотот во Брисел вчера лидерите на ЕУ усвоија план за позасилена буџетска дисциплина во земјите од овој блок. Агенциите, кои цитираат неименувани дипломати, јавија дека лидерите изјавиле оти е неопходно да се креира постојан фонд за вонредни ситуации во еврозоната.
XS
SM
MD
LG