Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на загинати во Индонезија


Билансот на загинати од земјотресот и од цунамито во западна Индонезија достигна бројка од 400 луѓе, соопштија официјални претставници на агенцијата за вонредни состојби на Западна Суматра. Се стравува дека бројот на загинатите е поголем, бидејќи спасувачките тимови не успеале да дојдат до оддалечените села на островите кои по земјотресот биле разнесени од брановите високи три метри. Зејотресот од 7,7 степени според Рихтер кој во понеделникот вечерта ја погоди областа која се наоѓа 78 километри од архипелагот Ментаваи, предизвика цунами. Брановите кои го преплавија островот Пагаи урнаа 200 куќи.
XS
SM
MD
LG