Достапни линкови

Кавга Русија-Туркменистан за гасот


Туркменистанското Министерство за надворешни работи ги отфрли забелешките на рускиот вицепремиер Игор Сечин дека е малку веројатно земјата да може да го извезува гасот без да помина преку руска територија. Во соопштението од Министерството се наведува дека Туркменистан има склучено енергетски договори со „доверливи и чесни“ европски компании.
До вербалната војна меѓу Русија и Туркменистан дојде откако ЕУ активно лобираше Туркменистан да го снабдува со гас планираниот гасовод Набуко.
Предвидено е Набуко да ја заобиколи Русија и да го донесе гасот од Кавказот и Централна Азија во Европа.
Русија купува ефтин гас од Централна Азија, додека својот гас го продава во ЕУ по многу повисоки цени.
XS
SM
MD
LG