Достапни линкови

10 милиони евра за апсење на Ратко Младиќ


Српската Влада ја зголеми на 10 милиони евра наградата за информација која ќе овозможи пронаоѓање и апсење на обвинетиот воен злосторник Ратко Младиќ. Распишана е и награда од 1 милион евра за апсење на Горан Хаџиќ.
Досега наградата за апсење на Младиќ изнесуваше еден милион евра.
САД нудат пет милиони долари за информација, која ќе овозможи пронаоѓање на Младиќ, со ветување дека информаторите и нивните семејства ќе бидат заштитени.
Апсењето на генералот Младиќ е услов за српските евроинтеграции.
XS
SM
MD
LG