Достапни линкови

Грешки при броењето на гласовите во Киргистан


Претседателот на изборната комисија во Киргистан Акилбек Саријев изјави дека објавувањето на конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа во земјата на почетокот на месецов се одолговлекува поради „бранот грешки“ што го следи пребројувањето на гласовите. Тој рече дека „Централната изборна комисија сега ги поправа грешките на членовите на локланите изборни комисии“. Саријев вели дека и покрај сите обиди, конечните резултати нема да бидат објавени деновиве.
Приврзаниците на националистичката партија Ата-Жарт протестираат барајќи брзо објавување на конечните резултати, откако првичните резултати покажаа дека партијата освоила најмногу гласови на изборите.
XS
SM
MD
LG