Достапни линкови

Средба Груевски- Папандреу во Брисел


Претседателот на македонската Влада Никола Груевски денеска во Брисел ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Средбата, што ќе се одржи на маргините на состанокот на Европскиот Совет, е закажана за 15:30 часот, соопшти владината прес-служба. Премиерот Груевски на синоќешната заедничка прес-конференција со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо рече дека не исклучува средба со Папандреу во Брисел, имајќи ги предвид таквите најави од грчкото Министерство за надворешни работи. Груевски во изјава за медиумите пред неколку дена истакна дека очекува средбите со неговиот грчки колега во иднина да бидат посуштински.
XS
SM
MD
LG