Достапни линкови

Лидерите од ЕУ ќе разговараат за измени на Лисабонскиот договор


Лидерите на земјите – членки на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за зајакнување на буџетот на организацијата, со цел избегнување на потреси како оној предизвикан од грчката должничка криза. Во Белгија ќе се дискутира за контроверзен предлог, кој го подржуваат Германија и Франција, за измени во Лисабонскиот договор, што би предизвикало затегање на економските политики во земјите – членки на Унијата. Дел од членките се противат на овој предлог, аргументирајки дека менувањето на Лисабонскиот договор може да предизвика дестабилизација.
XS
SM
MD
LG