Достапни линкови

Обама ќе престојува во „Таџ Махал“


Американскиот претседател Барак Обама, за време на официјалната посета на Индиа ќе престојува во хотелот „Таџ Махал“, кој беше мета на терористички напади во 2008 година. Во тогашните напади на исламистичките милитанти загинаа 166 лица, меѓу кои и триесетина посетители на хотелот во Мумбаи. Како што потврдија американските власти, Обама ќе престојува во „Таџ Махал“ на 6 ноември и ќе им оддаде почит на загинатите. За време на дводневната посета, претседателот планира да разговара за Индиско – Американската соработка во борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG