Достапни линкови

Суспендирани фудбалските натпревари во Аргентина


Во Аргентина се суспендирани сите фудбалски натпревари за претстојниот викенд поради смртта на поранешниот претседател на земјата нестор Кирчнер. Тој беше шеф на државата од 2003 до 2007 година. Кирчнер почина во средата во градот Ел Калафате, на 60 годишна возраст од срцев удар. За време на неговиот мандат, Аргентина успеала да се извлече од голема економска криза. Во 2007 година претседателската функција ја превзема сопругата на Кирчнер, Кристина Фернандез. Венецуелскиот претседател Хуго Чавез прогласи тридневно жалење во земјата поради смртта на неговиот аргентински колега.
XS
SM
MD
LG